МЗТ Скопје Аеродром е седми најгледан тим во АБА лигата (ФОТО)

Средбите од АБА-лигата сезонава ги проследиле речиси 400.000 вљубеници во кошарката, што носи просек од околу 2.500 на секој од одиграните натпревар во изминатава година.

МЗТ Скопје Аеродром е седми најгледан тим во регионалното натпреварување на средбите одиграни на домашен терен. Дуелите на македонскиот шампион во „Јане Сандански“ просечно ги следеле скоро 2.000 фанови, со што „металците“ се пред екипи како Цедевита, Цибона или Петрол Олимпија.

„Сино-белите“, пак на гостувањата просечно го следеле 1.827 гледачи со што се наоѓаат на 11. место на табелата во оваа категорија. Најгледан домашен тим во АБА е Партизан со просек од 4.590 гледачи, додека најгледана на гостинските средби е Црвена звезда со просек од 3.800 љубители на кошарката.