Младеновски и Илирија немаа сили за изненадување против Олимпија

Во својот осми натпревар од најсилното кошаркарско првенство на Словенија…

Составот на Илирија на домашен терен загуби убедливо од лидерот Петрол Олимпија со резултат 66:89, иако на полувремето водеше минимално со 43:42, но во последните две четвртини гостите беа далеку подобри (14:22, 9:25).

Македонскиот интернационалец Љубомир Младеновски во поразот за скоро 22. минути игра на паркетот забележа шест поени (3/9 од поле), додаде осум скокови и една асистенција.

На табелата води Олимпија 14 бодови, колку што има и второпласираната Крка, додека Илирија после третиот пораз во низа е на седмото место со 10.