Младеновски блескаше со „дабл-дабл“ учинок во првиот официјален меч во Словенија!

Македонскиот центар го имаше првиот официјален натпревар оваа сезона во најсилното словенечко првенство.

Љубомир Младеновски, репрезентативецот кој во летниот период го напушти нашиот шампион МЗТ Скопје Аеродром одлучи да се пресели во редовите на прволигашот Илирија.

На домашен терен Илирија по продолженијата загуби од тимот на Рогашка со конечен резултат 95:98.

Она што особено радува е настапот на 22-годишниот Младеновски кој во дресот на Илирија забележа 19 поени.

Тој го одигра скоро целиот меч (38:30 мин.), имаше 7/10 од поле, 5/7 од слободните фрлања, додаде дури 18 скокови (шест офанзивни, 12 дефанзивни).

Подобар биланс од него кај тимските колеги имаше само Жарк Марк Шишко со 24 поени, а на спротивната страна во победничките редови се истакна Марко Пајиќ со 22 поени.

Во следното коло Младеновски и Илирија на 21. октомври ќе гостува кај Хелиос Домжале кој исто така претрпе пораз во првото коло од шампионатот кај Тајфун Сентјур (79:76).