МКФ повторно организира турнир за девојчиња до 14 години

Македонската кошаркарска федерација повторно ќе организира турнир за девојчиња до 14 години.

Во отсуство на лига-натпреварување, Македонската кошаркарска федерација сака да ги инволвира и најмладите за да се заљубат во кошаркарскиот спорт.

По успешно организираниот предновогодишен турнир малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“ повторно ќе биде дом на шест екипи кои ќе се надигруваат в недела (18. март, 2018 година)

Натпреварите ќе се одиграат по систем – секој со секого. По одигрување на трите натпревари во групите А и Б, екипите според освоените бодови добиваат пласман од 1-3.

НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО: Второпласирана екипа (А) со Второпласирана екипа (Б),
ФИНАЛЕН НАТПРЕВАР: Првопласираната екипа (А) со Првопласираната екипа (Б),

ГРУПА А 
Бадел 1862
Пелистер
Трокал

ГРУПА Б
Струга 2009
Крива Паланка
Гостивар 2009

Целосниот распоред може да се погледне на следниот ЛИНК.

Фото: mkf.mk