Минчев не е повеќе играч на МЗТ Скопје Аеродром

Бугарскиот интернационалец Јордан Минчев повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска беше ставен крај на договорот за заем од Фенербахче, чиј член е официјално.

Ова доаѓа на иницијатива на репрезентативецот на Бугарија и тоа покрај инсистирањето на луѓето од македонскиот шампион соработката да продолжи и за наредната сезона.

Преовлада неговата желба да се врати дома и тоа во тимот на Академик од Правец, каде што би имал далеку поголема минутажа.

Минчев во „Јане Сандански“ дојде во октомври минатата година и оттогаш одигра 14 натпревари со просек од 5,4 поени, 3,1 скок и една асистенција. Најдобра партија прикажа на гостувањето кај Игокеа кога постигна 19 поени.