МекКејлеб прв стрелец во победата над Естудијантес (ВИДЕО)

Денеска во 15. коло од најсилното шпанско кошаркарско првенство составот на Сарагоса после две продолженија го совлада Естудијантес (102:97).

Тоа беше прекин на долгата негативна серија порази, значаен триумф во борбата за опстанок и моментно 15. место. Во следното коло на 13. јануари ќе гостува кај четвртопласираната Валенсија.

Во дресот на Сарагоса блескаше неодамнешното засилување, поранешниот македонски репрезентативец Лестер Бо МекКејлеб кој беше прв стрелец за домаќините со 18 поени, колку што имаше и неговиот тимски колега Никола Драговиќ (16 скокови и пет асистенции).

Нашиот интернационалец за нешто над 38. минути игра на паркетот (9/14 од поле, 0/1 од слободните фрлања), додаде уште шест скокови и четири асистенции.