Маслинко за Спорт365: Мислам дека сме спремни, одиме чекор по чекор, Партизан е голем предизвик!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денеска во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје ги сподели очекувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

Луѓето од таборот на првакот уште еднаш најавија борба за двојната круна на домашна сцена како и подобар пласман во АБА-лигата.

Место меѓу осумте најдобри и учество на идниот Суперкуп во Бар е нешто кон што ќе се стремат „металците“ во сезоната која почнува задутре со мечот против Партизан на домашен терен во АБА лигата.

Ексклузивно за нашиот веб портал „Спорт365.мк“ говореше младиот 20-годишен крилен центар на „штрковите“, Андреј Маслинко:

СПОРТ365: Како поминаа подготовките кои започнаа во текот на летниот период и самите пријателски натпревари преку се темпираше натпреварувачката форма?

МАСЛИНКО: Подготовките поминаа добро, почнавме навремено, мислам дека сме спремни, веќе еден месец сме во тренажен процес, одигравме 7 пријателски натпревари и мислам дека можеме да остваруваме победи“.

СПОРТ365: Прв противник во новата сезона од регионалната АБА лига е белградски Партизан, колкав е тој предизвик за вас?

МАСЛИНКО: Со оглед на фактот што ова е за мене прва сезона во АБА лигата, секако дека претставува огромен предизвик, би сакал да ја означиме сезоната со победа, така што ми претставува големо задоволство“.

СПОРТ365: Од клубот потенцираат дека очекуваат враќање на навивачката група „Фемили Аеродром“ која може да биде еден клучните фактори во текот на сезоната?

МАСЛИНКО: „Навивачите се наш шести играч, една голема помош за нас во текот на мечевите и мислам дека на домашен терен ќе ни значат огромна поддршка“.

СПОРТ365: Какви се вашите очекувања, амбиции за новата натпреварувачка сезона 2017/2018?

МАСЛИНКО: „Да не зборуваме предвреме, одиме чекор по чекор, а секако се надеваме на триумфи“.

Во продолжение погледнете го составот на играчи на МЗТ за претстојната сезона, стручниот штаб предводен од тренерот Тодоров, како и резултатите од контролните мечеви во подготвителниот период:

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

СПИСОК НА КОШАРКАРИ ЗА СЕЗОНА 2017/18

2. Михајло Митев
3. Ерик Гарсија
4. Бобан Стајиќ
5. Даниел Џенсен
6. Адем Мекиќ
7. Јуре Лалиќ
9. Игор Пенов
12.Бојан Трајковски
13.Ранко Мамузиќ
19.Дамјан Стојановски
22.Андреј Маслинко
32.Брет Бејли

СТРУЧЕН ШТАБ ЗА СЕЗОНАТА 2017/18

Тренер: Александар Тодоров
Помошник тренер: Тино Даневски
Кондициски тренер: Петар Баснарков
Лекар: Слободан Николиќ
Физиотерапевт: Ненад Попоски
Физиотерапевт: Дарко Савов

СПИСОК НА ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

-ТУРНИР ВО БУЈУКЧЕКМЕЧЕ (ТУРЦИЈА):
МЗТ Скопје Аеродром-Бујукчекмече 75:86
МЗТ Скопје Аеродром-Цибона 89:98

ПРИЈАТЕЛСКА СРЕДБА:(Истанбул) МЗТ Скопје Аеродром-Бакиркој баскет 92:72
ПРИЈАТЕЛСКА СРЕДБА:(Софија) МЗТ Скопје Аеродром-Левски 78:67
ПРИЈАТЕЛСКА СРЕДБА:(Солун) МЗТ Скопје Аеродром-Арис 54:72
ПРИЈАТЕЛСКА СРЕДБА:(Скопје, „Јане Сандански“) МЗТ Скопје Аеродром-Берое 78:71

Фото: mztskopjeaerodrom.mk