Македонската У16 кошаркарска репрезентација со три максимални победи на турнирот во Косово!

Националната селекција до 16 години која е дел од од проектот за развој на млади и талентирани кошаркари на ФИБА насловен како „заедно до М16“ запиша три победи на турнирот во Косово кој се одржа изминатиот викенд.

Предводникот на оваа репрезџентација, Александар Јованчев е задоволен од прикажаната игра на своите избраници, за кои верува дека ќе бидат максимално подготвени за претстојното Европско првенство (дивизија Б) на кое ќе земат учество.

Македонија-Косово 71:56
Македонија-Романија 107:50
Македонија-Бугарија 62:54

Статистиката е достапна на следните линкови:

МАКЕДОНИЈА – Косово
МАКЕДОНИЈА – Романија
МАКЕДОНИЈА – Бугарија

Со последниот одигран турнир во Приштина ги завршивме активностите околу проектот “Заедно до 16 години”.

Со одработување на целокупниот процес од 2 години каде беа разгледани и пратени голем број на млади кошаркари веќе добивме конечна слика околу изборот на кошаркари кој летово ќе ги започнат припремите за европското првенство Б дивизија во Сараево.

Периодот од 2 години го искористивме да наметнеме сопствен стил на игра на двете страни од теренот кој би требало да ни ја “олесни” работата во текот на летните подготовки.

Што се однесува до последниот турнир во Приштина на кој забележавме три победи од исто толку натпревари задоволен сум од тимската енергија, ангажираноста и сплотеноста на играчите како и од почитувањето и одговорноста која ја носи националниот дрес.

Тоа беше една од нашите примарни цели за која потрошивме многу часови во разговор со репрезентативците. Во последниот период на сите собири ставивме акцент на скок играта која за прв пат во овие две години на последниот турнир беше во наша полза.

Турнирите ги завршивме со 10 победи и 2 пораза што би требало да е доволно добар мотив во текот на летото да работиме напорно и спремни да го дочекаме европското првенство Б дивизија“, се мислите на селекторот Јованчев по завршување на турнирот.

Фото: mkf.mk