Квалификации за ЕП: Висок пораз на македонските кошаркарки од Хрватска

Со пораз од селекцијата на Хрватска, македонската женска кошаркарска репрезентација ги продолжи квалификациите за Евробаскет 2019.

Нашата национална селекција го запиша и третиот пораз во овој квалификациски циклус. Сениорките не успеаја да пронајдат одговор за играта на високите противнички кои рано наталожија двоцифрена предност која ја одржаа се до крајот, до конечни 47-108.

Следно за нашите сениорки е натпреварот на гости против Италија, на 14. февруари со почеток во 18:30 часот.

СТРЕЛЦИ ЗА МАКЕДОНИЈА:

Стојановска (3), Тантуровска (2), Муса (2), Николиќ (5), Кметовска (3), Митрашиновиќ (24), Парис (4), Трајчевска (4).

На табелата во групата Х после три кола по пет бодови имаат Италија, Хрватска и Шведска, последна е Македонија со три.

Фото: mkf.mk