Куп: Блокотехна во полуфиналето ќе се сретне со МЗТ Скопје Аеродром

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром си закажа полуфинале во рмаки на Купот на Македонија откако во третото четвртфинале на денешниот распоред актуелниот шампион во домашното првенство го совлада тимот на Фени Индустри.

За избраниците на Жаљко Лукајиќ ова е веќе втора победа над кавадарчани, првата беше запишана во рамки на домашното првенство.

Избраниците на Љупчо Малинков ја имаа поддршката од домашната публика во салата „Јасмин“, но не успеаја да ја израдуваат како минатата година кога во рамки на полуфиналето го елиминираа токму составот на МЗТ Скопје Аеродром. ВО полуфиналето, МЗТ Скопје Аеродром ќе се пресмета со Блокотехна.

МЗТ Скопје Аеродром – Фени Индустри 115-68 (34-28, 30-21, 27-12, 24-7). Аеродромци средбата ја завршија со 16 тројки и 72-отстотна прецизност во ударите за два поени (24/33) што им донесе огромна предност на крајот и тоа најдобар поентерски ефект во досегашниот дел од сезоната.

Американецот Џордон Крафорд одново беше предводник на составот од „Јане Сандански“ со 24 поени за исто толку минути (6/7 за тројка), заедно со пет асистенции. Поентерски се покажаа уште и Бојан Трајковски, Радослав Спасојевиќ и Јуре Лалиќ кои постигнаа по 13 поени.

На спротивната страна за кавадаречкиот тим блескаше Лавхорн со 23 поени (пет загубени топки), следен од капитенот Петровски со 17 поени (пет скокови).

Фото: mkf.mk