Костоски одличен во Романија, скоро „перфектен“ против Динамо Букурешт!

Во 17. коло од најсилната романска кошаркарска лига, брилјираше составот на Питешти…

На својот паркет со 115:65 доминираше против тимот на Динамо Букурешт за вкупно 10. победа сезонава.

Одлична партија покажа македонскиот интернационалец Александар Костоски кој за 22 и пол минути игра беше втор стрелец со 21 поен, со седум реализирани тројки од осум бодови, додаде уште три асистенции, по една загубена и две украдени топки.

Во генералниот пласман Питешти е на шестото место со 27 бодови, колку што има и и Темишвар на петтата позиција, а само три помалку зад водечкиот Клуж Напока.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

-АБА ЛИГА: САМАРЏИСКИ БЕЗ МИНУТАЖА ПРОТИВ ПАРТИЗАН-

Во 19. коло од АБА регионалната лига во српската пресметка Партизан со 89:73 дома беше подобар од Мега Бемакс.

И на овој дуел кај гостите нашиот центар Предраг Самарџиски беше во составот на Мега, но не доби шанса за настап од тренерот Милојевиќ.

На табелата Партизан со овие бодови ги задржува шансите за плеј-оф и е на петтото место со 29 бодови, два помалку зад црногорскиот Морнар Бар на четвртото, додека Мега е на 10. позиција со 25 бодови.

-ТУРЦИЈА: СТОЈАНОВСКИ И БУЈУКЧЕКМЕЧЕ ПРЕСИЛНИ ЗА ИСТАНБУЛ ББ-

Во својот 17. лигашки меч составот на Бујукчекмече пред своите гледачи со 107:78 го преслуша Истанбул ББ.

На тој начин ја прекина долгата негативна серија и го забележа шестиот триумф сезонава за моментно 11. место со 23 бодови.

Војдан Стојановски во освојувањето на новите бодови придонесе со девет поени.