Костоски и Питешти ја прекинаа кризата против Стеауа

Денеска во новиот натпревар од најсилното романско кошаркарско првенство…

Составот на Питешти на домашен терен ја прекина негативната серија од пет порази во низа во шампионатот.

Пред своите гледачи успеа да го совлада тимот на Стеауа со резултат 77:79, иако после три четвртини имаше негатива од 52:54.

Во последните 10. минути Питешти кој останува последнорангиран во шампионската група доминираа и ја освоија последната делница со 25:15.

Свој придонес во успехот имаше македонскиот репрезентативен плејмејкер Александар Костоски кој реализираше седум поени, додаде три скока, шест аистенции и една украдена топка.

До крајот на сезоната за Питешти останува уште еден дуел, на 28. април 2018 год. ќе му гостува на Темишвар (17:00 ч.)