Костоски беше најефикасен против лидерот во романскиот шампионат

Македонскиот интернационалец одново имаше одлична партија во дресот на Питешти…

Но, неговиот клуб го претрпе веќе третиот пораз по ред овојпат на гостувањето кај моментно водечкиот во романскиот кошаркарски шампионат, Сибиу (84:77).

Плејмејкерот Александар Костоски беше прв стрелец со 19 поени за нешто над 34. минути игра на паркетот (5/12 за три поени, 4/4 од слободните фрлања), додаде два скока, четири асистенции, една украдена, но и три загубени топки.