Кошаркарот на Работнички, Гинјард расистички навредуван во Македонија! (ФОТО)

Кошаркарот на Работнички на својот Инстаграм профил објави дека бил расистички навредуван во нашата земја…

Маркус Гинјард (30) е еден од најзаслужните што моментно Работнички нема сеуште пораз и доминира во македонската кошаркарска лига.

Американецот со неговиот одличен просек од 17.8 поеним 5.5 скокови, 2.5 асистенции и 1.6 украдена топка по меч можно е по подолго време тимот од „Градски парк“ да се радува на нова шампионска титула.

Работнички својот прв натпревар од новата фаза во Суперлигата го имаше вчера во СРЦ „Билјанини извори“ (дуел кој што започна од 17:00 ч.), славеше нова победа над АВ Охрид со резултат 55:85 каде што Гинјард беше прв стрелец со 21 поен (седум скокови).

Но, и покрај расистичките навреди во Скопје, Гинјард им возврати на тие луѓе со оваа порака која ја објави на својот Инстаграм профил:

И се заблагодарувам на групата македонски луѓе која ме следеше вечерва од која се слушаа мајмунски звуци и ме нарекуваа ни*ер. Ви благодарам што ме потсетивте, дека вие сеуште се плашите од мојата убава црна кожа“.

Расизмот не смее да има никакво место во спортот или воошто на било кој план, односно област во Македонија. Човекот кој доаѓа од Рочестер (Њујорк) дава се од себе во својата професија која ја сака и почитува, знае дефинитивно да игра кошарка и дава резултати кои што можат сезонава да израдуваат еден наш кошаркарски прволигаш со титула, а му се возвраќа на еден ваков одвратен начин!?

Фото: instagram.com/mg1nyard