Кога е најтешко, тука е секогаш „кралот“: Трипл-дабл“ против Шарлот! (ВИДЕО)

Кливленд во еден неизвесен меч беше подобар од Хорнетси со минимален конечен резултат 100:99 за вкупно седма победа по ред.

ЛеБрон Џејмс во редовите на Кавалирси повторно блескаше и забележа „трипл-дабл“, односно учинок од 22 поени, 14 скокови и 13 асистенции.

Кај Шарлот прв стрелец беше Двајт Хауард со 20 поени и 13 скокови.

НБА, резултати:

Бруклин Нетс-Портланд Трејл Блејзерс 125:127
Атланта Хокс-Њујорк Никс 116:104

Бостон Селтикс-Орландо Меџик 118:103
Кливленд Кавалирс-Шарлот Хорнетс 100:99

Индијана Пејсерс-Торонто Репторс 107:104
Минесота Тимбервулвс-Мајами Хит 97:109

Оклахома Сити Тандер-Детроит Пистонс 98:99
Денвер Нагетс-Мемфис Гризлис 104:92

Феникс Санс-Њу Орлеанс Пеликанс 91:115
Голден Стејт Вориорс-Чикаго Булс 143:94

-УЖИВАЈТЕ ВО НАЈДОБРИТЕ 10 ПОТЕЗИ-

Во продолжение погледнете ги најдобрите 10 потези од изминатата ноќ во НБА лигата.

На првото место се наоѓа „цепелинот“ на кошаркарите на Голден Стеј Вориорс, на релација Пачулија-Бел.

Исто така во изборот се наоѓаат уште мајсториите на Кари, Ентони Таунс, Вонле, Ирвинг, Вигинс, Џексон, Смит, Нуркиќ и Андреа Игудала.