Кикс на Хендрикс и Галатасарај против „фенерџијата“ Ушак Спортиф!

Денеска во 25. коло од најсилното турско првенство нов неочекуван пораз на Галатасарај..

На гостувањето кај последнорангираниот состав на Ушак Спортиф загуби со резултат 85:77 за вкупно трет пораз по ред и чекор назад во битката за плеј-оф.

Македонскиот репрезентативец Ричард Хендрикс на овој дуел забележа 12 поени како втор стрелец, единствено поефикасен кај неговите тимски колеги беше Јускевичиус со 22 поени.

На пет кола до крајот на регуларниот дел од сезоната, во генералниот пласман Галата е на 10. место со 35 бодови.

Првопласираните осум екипи одат во плеј-офот, а моментно најблиску до Галатасарај се Сакарја и Ескишехир на седмата, односно осмата позиција со по 38 бодови.