Ќе има нов шампион во Купот: Работнички и Блокотехна се првите полуфиналисти!

Екипата на Работнички се пласираше во полуфиналето на Купот на Македонија откако успеа да го совлада Карпош Соколи.

Клубот од Карпош е елиминиран уште во четвртфиналето со што е сигурно дека трофејот нема да се врати кај „соколите“, туку ќе добие нов сопственик.

Тренерот Михаил Наумовски на располагање имаше млади сили кои се „држеа“ во игра во текот на првите пет минути со деветкратниот освојувач на Купот.

Кон средината на првиот период „центарци“ двојно ја зголемија позитивата која до крајот на натпреварот продолжи да расте.

Последниот период на теренот истапија младите сили и на Марин Докузовски кои ја одржуваа разликата се до крајот на натпреварот.

Во финишот, Работнички славеше со конечни 103-49 (26-9, 25-14, 22-15, 28-11). Први стрелци во тимот од „Градски парк“ беа Гинјард со 21 поен (седум скокови) и Ефремовски со 18 поени. Капитенот Атанасов со 15 поени и Бешиловски со 12 беа оние кои најдобро се истакнаа,

Марин Докузовски, тренер Работнички:

Објективно сме поквалитетни од нив и јас им дадов шанса на сите мои млади играчи да играат. За нас од утре почнува Купот. Ова е такво натпреварување, да не може да сме сигурни кој тим ќе ни се падне како следен противник. Секогаш има изненадувања – тука нема фаворити. Секој натпревар е посебен“.

Блокотехна продолжува да со своите одлични игри да испишува клупска историја. Клубот-новајлија во Првата лига во машка сениорска конкуренција се пласира во Куп-полуфиналето откако славеше против екипата на АВ Охрид.

Избраниците на Марјан Илиевски беа сконцентрирани на паркетот и брзи во креирањето на акциите благодарение на што предноста стана двоцифрена уште во првиот период. Кошаркарите на Охрид пак најголемиот дел од акциите ги финишираа преку еден играч што на крај за тимот се покажа како неисплатливо.

Во финишот Блокотехна славеше со конечни 110-88 (35-17, 25-16, 29-34, 21-21). За гевгелискиот клуб доминираа Двејн со 18 поени (по четири асистенции и украдени топки) и Казарновски со 17 поени (пет скокови). Кај Охриѓани блескаше Јунаковиќ со 37 поени (пет загубени топки).

Стојан Ѓуроски, играч Блокотехна:

Знаевме дека сме фаворити и го искористивме тоа на најдобар начин. Погодивме некои среќни тројки, направивме голема разлика на самиот почеток која ја држевме до крај. Би сакал во полуфиналето да се сретнеме со Фени Индустри, бидејќи да речеме дека се полесен противник, но секако дека мотивот е поголем да се игра против МЗТ Скопје Аеродром“.

Куп на Македонија

МЗТ Скопје Аеродром – Фени Индустри
Почеток 18:00

Куманово – Гостивар
Почеток 20:30

Фото: mkf.mk