Карпош Соколи со нов пораз во ФИБА Европа купот

Карпош Соколи и по три одиграни натпревари во рамки на групната фаза од ФИБА Европа Купот се уште нема заверено победа на своето конто.

Македонскиот вицешампион си ги одмери силите против Фалко Вулкано, но унгарскиот состав се покажа како подоминантен во речиси сите аспекти од играта не оставајќи му простор за маневар на единствениот македонски претставник во оваа фаза од натпреварувањето.

Шутевите од далечина не дозволија разликата нагло да порасне, но во моменти кога се „кршеше“ резултатот одбраната потфрли.

Следен натпревар на „Соколите“ во ова натпреварување е закажано за на 8. ноември кога в Скопје ќе гостува Солноки Олај.

Фалко Вулкано (Унгарија) – Карпош Соколи (Македонија) 108-87 (31-27, 33-22, 19-24, 25-14)

СТРЕЛЦИ:

Браун (23 поени), Николовски (7), Мекфеден (18), Делиќ (8), Чомагиќ (8), Лабовиќ (17), Ѓуроски (6)