Хувентуд на „дното“: Димитријевиќ скромен против Естудијантес!

Во 19. коло од најсилното шпанско кошаркарско првенство нов пораз на Хувентуд…

На домашен терен го претрпе 13-от пораз сезонава овојпат од Естудијантес со 93:96.

На паркетот во Бадалона македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ за нешто над 10. минути игра постигна два поени (0/1 од поле, 0/1 за три поени, 2/2 од слободните фрлања), додаде еден дефанзивен скок.

На тој начин Хувентуд моментно е на последното 18. место со осум бодови (колку што има и Реал Бетис), само два помалку зад „безбедната“ Сарагоса на нашиот поранешен репрезентативец Лестер Бо МекКејлеб.