Голема победа на Костоски и Питешти во романскиот шампионат

Во рамките од 13. коло во романскиот кошаркарски шампионат, Питешти на гости славеше кај Темишвар со 74:81.

Македонскиот интернационалец Александар Костоски беше втор стрелец со 14 поени за скоро 32. минути игра (1/4 од поле, 2/5 за три поени, 6/6 од слободните фрлања), додаде три скока, девет асистенции и една загубена топка.

Ова беше вкупно осми триумф сезонава за моментно четврто место со 21 бод, три помалку зад лидерот Клуж Напока. Во следното коло на домашен тере Питешти на 14. јануари ќе го пречека Галати.