Голден Стејт немоќен без Кари и Дурент: Шоу на Богдановиќ во „Оракл Арена“! (ВИДЕО)

Иако беше фаворит против Сакраменто во својата „Оракл Арена, Голден Стејт сепак е поразен со резултат 110:106.

На две минути до крајот на мечот домаќините имаа плус четири, но гостите за краток период дојдоа до ново израмнување.

Потоа, српскиот интернационалец Богдан Богдановиќ ја презема одговорноста и во ситуацијата „еден на еден“ со Дрејмонд Грин, на 12 секунди пред крајот на натпреварот, погоди за водство на Кингси (108:102).

Томпсон не реализираше тројка, а Богдановиќ од линијата за слободни фрлања ги реши сите дилеми околу победникот.

Најефикасни во победничките редови беа Коли-Стејн со 19 поени, Хил уфрли 16, Темпле 14, а Богдановиќ заврши со учинок од 12 поени.

На спротивната страна за Вориорси Клеј Томпсон забележа 21 поен, а пет помалку МекКо. Поради помали повреди Голден Стејт настапи на овој меч без своите првите ѕвезди, Стеф Кари и Кевин Дурент.

НБА, резултати:

Индијана Пејсерс-Орландо Меџик 121:109
Филаделфија Сиксерс-Кливленд Кавалирс 91:113
Бостон Селтикс-Детроит Пистонс 108:118
Њујорк Никс-Портланд Трејл Блејзерс 91:103
Хјустон Рокетс-Бруклин Нетс 117:103
Сан Антонио Спарс-Далас Маверикс 115:108
Голден Стејт Вориорс-Сакраменто Кингс 106:110
Лос Анџелес Клиперс-Лос Анџелес Лејкерс 120:115

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА:

1.Бостон Селтикс 18-4
2.Детроит Пистонс 13-6
3.Кливленд Кавалирс 13-7

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА:

1.Хјустон Рокетс 16-4
2.Голден Стејт Вориорс 15-6
3.Сан Антонио Спарс 13-7

-ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НАЈДОБРИТЕ 10 ПОТЕЗИ-

Во продолжение погледнете ги најдобрите 10 потези од изминатата ноќ во НБА лигата.

Изборот вели дека на првото место се наоѓа токму Богдановиќ со решавачките поени против „воините“.

Уживајте уште во мајсториите на Картер, Џејмс, Дремонд, Симонс, Бијомбо, Бел и Игудала.