Галатасарај во игра за плеј-офот, Хендрикс со 12 поени против Ескишехир

Денеска во рамките од 20. коло во најсилното турско првенство составот на Галатасарај со резултат 84:78 го совлада Ескишехир.

Пред своите гледачи ова беше осми триумф сезонава во кој македонскиот интернационалец Ричард Хендрикс придонесе со 12 поени.

Моментно Галата е на 10. место со 28 бодови, само два помалку зад осмопласираниот Ескишехир, а потсетување првите осум екипи на табелата одат во плеј-офот.

До крајот на регуларниот дел остануваат уште 10 мечеви за Галатасарај, а следниот ќе го има на 18. март на гости кај Бујукчекмече на нашиот Војдан Стојановски.