Галата и Хендрикс убедливо поразени на стартот од Топ 16 во Еврокупот

Во првата рунда од топ 16 фазата на кошаркарскиот Еврокуп, во турската, односно истанбулската пресметка Галатасарај дома загуби убедливо од Дарушафака (65:84).

За домашниот состав настапи македонскиот репрезентативец Ричард Хендрикс кој за скоро 10. минути на паркетот забележа четири поени (2/2 од поле, 0/1 за три поени), додаде трик скока, но и две загубени топки.

Кај неговите тимски колеги најрасположен беше Двајт Харди со 15 поени, а на спротивната страна како прв стрелец се издвои Џахуан Џонсон со 28 поени (12 скокови).

На табелата во групата Е после првото коло водат Гран Канарија (1-0) и Дарушафака (1-0), пред Галатасарај (0-1) и АЛБА Берлин (0-1).

Во следното второ коло Галата ќе гостува во Германија кај АЛБА Берлин на 10. јануари 2018 год.