ФИБА ЛШ: Димитријевиќ го водеше Хувентуд до триумф во Грузија!

Во првиот натпревар од стартното квалификациско коло на ФИБА Лигата на шампионите…

Составот на Хувентуд на гостински терен во Грузија со резултат 70:82 го совлада Динамо Тбилиси. Реваншот е в четврток од 19:00 часот.

Еден од најзаслужните за победата на шпанската екипа беше 19-годишниот македонски плејмејкер Ненад Димитријевиќ кој забележа 13 поени (2/6 од поле, 1/3 за три поени, 6/6 од слободните фрлања), додаде по четири скока и асистенции, но исто толку и загубени топки.

Подобар стрелец од него беше само Ричард кој постигна 20 поени, а кај домаќините се истакнаа Цкитишвили со 23 и Гачеса со 17 кошеви.

Победникот од овој двомеч во второто квалификациско коло ќе ги одмери силите против финската екипа на Катаја.

Leave a Reply