ФИБА Европа куп: Унгарскиот Солноки пресилен за Карпош Соколи!

Вицешампионот Карпош Соколи кој е единствениот македонски претставник во групната фаза од Европа Купот на ФИБА…

Загуби во својот прв натпревар од регуларниот тек на сезоната, откако во рамките на новоформираната група Х, од гостувањето кај Солноки Олај се враќа со пораз.

Унгарскиот клуб постави доминанта игра уште рано во почетокот на натпреварот исфрлувајќи ги „соколите“ од колосек.

По неполни десет минути игра нашиот клуб беше во двоцифрена негатива што не успеа да ја анулира до крајот на средбата.

Шанса за прв триумф во ова европско натпреварување „соколите“ ќе имаат веќе за седум дена (25. октомври, среда) кога во Скопје ќе гостува рускиот состав на Нижњи Новгород.

Солноки Олај – Карпош Соколи 94-73 (26-15, 17-19, 30-22, 21-17)

СТРЕЛЦИ
Карпош Соколи: Браун (13поени), Соколов (8), Николовски (11), Мекфаден (15), Чомагиќ (8), Лабовиќ (7), Ѓуроски (11)