ФИБА Европа куп: „Седумка“ за Стојановски на гостувањето во Унгарија!

Во второто коло од втората фаза во кошаркарскиот ФИБА Европа куп загуби екипата на Бујукчекмече во Унгарија кај Алба Фехервар со 74:72.

Македонскиот интернационалец Војдан Стојановски за турскиот клуб имаше седум поени (2/4 од поле, 1/3 за три поени), додаде четири скока, три асистенции, една блокада, по четири загубени и две украдени топки.

Во некомплетното коло во групата Ј по три бодови водат Бујукчекмече и Алба Фехервар по три бодови, по еден имаат Невезис и Корменд.

Во следното трето коло Бујукчекмече 17. јануари гостува во Литванија кај Невезис.