ФИБА Европа куп: „Десетка“ за Стојановски против украинскиот Химик!

Денеска во рамките од четвртото коло во кошаркарскиот ФИБА Европа куп…

Триумф на Бујукчекмече на домашен терен против украинскиот состав на Химик Јужни со резултат 80:76, иако после првата четвртина водеа гостите со 12:22.

Македонскиот интернационалец Војдан Стојановски за скоро 25. минути игра имаше 10 поени (2/3 од поле, 0/3 за три, 6/6 од слободните фрлања), додаде четири скока и две асистенции.

Во групата Г турскиот клуб ги одржува шансите за првите две позиции кои водат во следната втора фаза, а во претпоследното коло ќе го има можеби и клучниот меч против Белфиус Монс во Белгија.