Евролига: „Трилер“ меч во Малага, Уникаха го шокираше Фенербахче! (ВИДЕО)

Тоа беше битка помеѓу шампионот од Еврокупот, Уникаха Малага и шампионот од Евролигата за минатата сезона, Фенербахче.

Токму најдобрите две европски кошаркарски екипи се сретнаа во првото коло од новата сезона во Евролигата, а турскиот гигант беше непријатно изненаден на гостувањето совладан од шпанскиот состав со 68:67 во еден драматичен меч.

Воглавно Турците одржуваа своја позитива, и на полувремето и после третата четвртина, но во последните 10. минути домаќините направија целосен пресврт (18:10).

Во последните шест секунди од натпреварот Фенер можеше да си замине од ова гостување со триумф, но Слукас не беше прецизен во последниот напад.

За Уникаха Малага доминираше Шермандини со 12 поени, девет реализираше Мусли, а на спротивната страна за Фенербахче Слукас постигна 15 поени, два помалку Датоме, а Јан Весели 12.

Евролига, резултати (1. коло):

Анадолу Ефес-Реал Мадрид 74:88
ЦСКА Москва-Милано 93:84
Бамберг-Макаби Тел Авив 71:88
Олимпијакос-Баскониа 75:64
Уникаха-Фенербахче 68:67

Двојки (13. октомври 2017 год.)

19:00 ч. Химки-Валенсија
19:00 ч. Жалгирис Каунас-Црвена Звезда
21:00 ч. Барселона-Панатинаикос