Евролига: Познати полуфиналните двојки на Ф4 турнирот во Белград

И официјално се познати полуфиналните двојки на Фајнл-фор турнирот од Евролигата кој што ќе се одржи во Белград (18-20 мај 2018 год.)

Реал Мадрид се промовираше како последен учесник на Ф4, откако во четвртфиналната серија со 3:1 го елиминираше Панатинаикос.

Во последниот дуел „кралевите“ триумфираа со резултат 89:82 предводени од Лука Дончиќ со 17 поени, а во редовите на грчкиот претставник со 21 кош се истакна Крис Синглтон.

Реал Мадрид во полуфиналето ќе игра против ЦСКА Москва, а Фенербахче за противник ќе го има Жалгирис кој пак се враќа на Ф4 после 19. години.

Евролига 2017/2018
Ф4 турнир – Белград

Полуфинале
18. мај

ЦСКА Москва-Реал Мадрид
Фенербахче-Жалгирис

20. мај
Натпревар за трето место/Финале