Евролига: Не успеа Црвена Звезда, Антиќ „скромен“ против Панатинаикос! (ВИДЕО)

Во 14. коло од Евролигата Црвена Звезда во Белград загуби од Панатинаикос со 63:69.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ за српскиот состав во Арената „Александар Николиќ“ имаше два поени за скоро 19. минути игра (1/2 од поле, 0/2 за три поени), четири скока и три загубени топки.

Најефикасен беше Џејмс Фелдејн со 21 поен, додека за грчкиот тим доминираа Маркус Денмон и Џејмс Гист (пет скока) со по 16 поени.

На табелата после вториот пораз во низа на „црвено-белите“ се наоѓаат на 12. позиција и во следното коло на 29. декември ќе гостуваат во Италија на Олимпиа Милано.