Евролига: Дончиќ ја „разби“ Црвена Звезда со тројка во последната секунда! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Црвена Звезда се поразени на домашен терен од Реал Мадрид во Белград со 82:79 во натпреварот од 29. коло во Евролигата.

Во редовите на српскиот кошаркарски клуб (кој ги загуби шансите за плеј-офот) поради повреда не настапи македонскиот интернационалец Перо Антиќ.

Херој на „кралевите“ беше словенечката и сега веќе европска ѕвезда Лука Дончиќ (веќе е на „мета“ на НБА клубовите во наредниот драфт) со тројка во последните неколку секунди.

На овој дуел постигна вкупно 24 поени, додавајќи девет скокови и четири асистенции, три украдени, но и седум загубени топки.

На спротивната страна за домаќините се истакна неговиот сонародник Ален Омиќ кој постигна 25 поени (10. скокови).

За „црвено-белите“ оваа сезона останува уште дуелот од последното коло на 5. април на гостувањето кај руската ЦСКА Москва.

Да додадеме уште дека во плеј-офот се пласираа екипите на ЦСКА Москва, Фенербахче, Олимпијакос, Реал Мадрид, Жалгирис Каунас, Панатинаикос, Баскониа и Химки.

За Црвена Звезда сега останува да се фокусиран на црногорскиот Морнар Бар и преку АБА лигата одново да обезбеди учество во Евролигата за наредната натпреварувачка сезона 2018/2019.