Евролига: ЦСКА Москва по 15 пат на Фајнл-фор во последните 16 години!

После Жалгирис и Фенербахче, екипата на ЦСКА Москва е третиот патник на Ф4 турнирот оваа сезона во кошаркарската Евролига кој што ќе се одржи во Белград.

Во еден драматичен четврти натпревар ЦСКА (М) во рускиот дуел го совлада Химки со резултат 88:89 за конечни 3:1 во четвртфиналната серија.

Најефикасен во победничкиот тим беше Хигинс со 20 поени, а на спротивната страна Швед запиша 36.