Евролига: Црвена Звезда во Малага без Антиќ!

Кошаркарите на Црвена Звезда отпатуваа во Малага на дуелот против Уникаха, а меѓу патниците не се наоѓаше македонскиот интернационалец.

Искусниот крилен центар Перо Антиќ го пропушти и претходно евролигашки дуел против Бамберг, а како што велат од „црвено-белите“ бил подготвен за АБА дербито против Партизан благодарение на посебната програма на подготовки.

Играчот на месецот од страна на навивачите на српскиот гигант остана во Белград да продолжи со терапија и опоравување.

Мечот против Малага ќе биде петтиот во кој тренерот Душан Алимпијевиќ нема да може на Антиќ кој претходно пропушти три средби од АБА лигата и споменатата пресметка во Евролигата со Бамберг.

Антиќ во четири настапи имаше просек од 10 поени, 4.8 скокови и 1.3 асистенција. Натпреварот од шестото коло меѓу Црвена Звезда-Уникаха е закажан в петок од 20:45 часот, и двете екипи имаат биланс од два победи и три порази.