Евролига: Црвена Звезда го „прегази“ Анадолу Ефес!

Кошаркарите на Црвена Звезда го декласираа вечерва Анадолу Ефес во 11. коло од Евролигата.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ придонесе во новиот триумф на „црвено-белите“ со пет поени за нешто над 13. минути игра (1/2 од поле, 1/3 за три поени), додаде по три скока и асистенции, две украдени топки.

Кај неговите тимски колеги доминираше Џејмс Фелдејн со 29 поени (четири украдени топки), а на спротивната страна за турскиот претставник 16 поени и четири асистенции имаше Брајант Данстон.

На табелата српскиот гигант после четвртиот триумф (втор по ред) е на 12. место, а во следното коло на 15. декември ќе гостува во Шпанија кај Валенсија која моментно ја има 13. позиција.