Евролига: Антиќ со клучна тројка го урна Реал среде Мадрид! (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркар ја врати Црвена Звезда на победничките патеки…

Во рамките од 10. коло во Евролигата вечерва во Мадрид значаен триумф за „црвено-белите“ над Реал со 83:87.

Во решавачките моменти при 83:84 за српскиот гигант, Перо Антиќ беше клучниот играч кој со тројка им пресуди на „кралевите“.

Нашиот интернационалец беше еден од позабележителните стрелци во својот тим, за нешто над 25 и пол минути игра на паркетот забележа 11 поени (0/2 од поле, 3/8 за три поени, 2/2 од слободните фрлања), додаде четири скока, по една асистенција, блокада, но и една загубена топка.

Кај неговите тимски играчи блескаа Рочести со 18 поени и седум асистенции и Бјелица со 16 поени (шест скокови), а на спротивната страна за шпанската екипа со 20 поени (пет асистенции) доминираше Дончиќ.

Со третата победа сезонава Црвена Звезда моментно е на 15. место, а во следното коло на 8. декември на домашен терен ќе го пречека турскиот претставник Анадолу Ефес.