Евролига: Антиќ и Црвена Звезда во игра за „плеј-оф“, совладан и Жалгирис Каунас!

Српскиот кошаркарски клуб се враќа во игра за учество во Топ 8 плеј-оф фазата од Евролигата.

Денеска на домашен терен тимот на Црвена Звезда со конечен резултат 77:65 успеа да го совлада Жалгирис Каунас.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ за скоро 19. минута игра имаше пет поени (1/3 од поле, 0/2 за три поени, 3/4 од слободните фрлања), додаде пет скока и три украдени топки.

На табелата после седмиот триумф (втор по ред) се наоѓа на 11. позиција (7-9), додека Жалгирис е на петтата позиција (10-6).

Во следното коло Црвена Звезда на 12. јануари ќе му гостува на последнорангираниот Анадолу Ефес во Турција.

-АБА: САМАРЏИСКИ БЕЗ НАСТАП И ПРОТИВ ОЛИМПИЈА-

Во 15. коло од АБА регионалната лига триумф на Мега Бемакс на гостувањето во Словенија против Петрол Олимпија (69:76).

Кај гостите од Србија во составот беше македонскиот интернационалец Предраг Самарџиски, но повторно не доби шанса за настап во Арената „Стожице“.

На табелата Мега Бемакс е на деветтото место со 20 бодови, колку што имаат уште Цибона и Петрол Олимпија, додека последен е МЗТ Скопје Аеродром (17).