Евролига: Антиќ и Црвена Звезда го освоија и Милано (ВИДЕО)

Во 15. коло од кошаркарската Евролига нови бодови за српскиот гигант.

На гостувањето во Италија го совлада Милано со 88:91 (15:29, 25:16, 20:16, 28:30).

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ за скоро 23. минути игра во победата на Црвена Звезда придонесе со пет поени (1/6 за три поени, 2/2 од слободните фрлања), додаде четири скока и пет асистенции, една загубена топка.

Кај неговите тимски колеги блескаше Џејмс Фелдејн со 19 поени (четири скока), а за италијанскиот претставник 16 поени реализираше Владимир Мицов.

За „црвено-белите“ ова е значаен триумф во борбата за Топ 8 што води во плеј-офот, моментно се на 11. позиција (6-9).

Првиот меч во новата 2018. година ќе го имаат на 5. јануари дома против литванскиот Жалгирис Каунас кој е четвртопласиран во генералниот пласман.