Евролига: Антиќ херој и во Валенсија, Црвена Звезда „три од три“! (ФОТО, ВИДЕО)

Во 12. коло од Евролигата екипата на Црвена Звезда освои нови значајни бодови на гостувањето кај Валенсија (82:86).

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ во триумфот придонесее со 10 поени за нешто над 26. минути игра (1/2 од поле, 2/4 за три поени, 2/4 од слободните фрлања), додаде една асистенција и четири украдени топки.

Токму беше нашиот играч беше еден од клучните фактори што српскиот тим направи целосен пресврт, а воедно одбележа и јубилеј, постигнати 1000 поени во дресот на Црвена Звезда.

Од неговите тимски колеги убедливо најефикасен беше Џејмс Фелдејн со 26 поени (пет асистенции), а на спротивната страна за Шпанците со 17 поени се истакна Фернандо Сан Еметерио.

После петтата победа (трета по ред) сезонава „црвено-белите“ се искачија на 11. позиција и во следното коло на 19. декември ќе му гостуваат на третопласираниот Фенербахче, поранешниот клуб на Антиќ.