Еврокуп: Галатасарај остана без плеј-оф, Хендрикс најефикасен против Алба Берлин!

Заврши и последното шесто коло од Топ 16 фазата на кошаркарскиот Еврокуп во групата Е.

Пласман во плеј-офот од оваа група обезбедија Дарушафака од Турција и Гран Канарија (Шпанија).

Во својот последен дуел оваа сезона составот на Галатасарај на домашен терен после едно продолжение загуби и од Алба Берлин со 92:97 (85:85).

Македонскиот репрезентативец Ричар Хендрикс имаше блескава партија како прв стрелец со 20 поени (8/15 од поле, 4/5 од слободните фрлања за скоро 25 и пол минути игра на паркетот, додавајќи 13 скока, три асистенции, по една украдена топка и блокада.