Димитријевиќ прв стрелец против Мурсија, но и натаму Хувентуд реди порази!

Во рамките од 17. коло во најсилното шпанско првенство нов пораз за Хувентуд, веќе шести по ред.

На домашен терен загуби од тимот на Мурсија со конечен резултат 62:71 за вкупно 13. пораз оваа сезона.

Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ ја одржува добрата форма, беше прв стрелец со 14 поени за скоро 19. минути игра на паркетот (3/4 од поле, 8/8 од слободните фрлања), додаде четири асистенции.

И натаму останува во опасната зона за испаѓање, односно на претпоследното 17. место кое води во понизок ранг.

Во следното коло на 28. јануари Хувентуд ќе игра на гостувањето кај третопласираната екипа на Барселона кој пак изненадувачки загуби кај МораБанк Андора со 102:92.