Димитријевиќ непогрешлив во важниот триумф против Билбао

Денеска во рамките од 28. коло во најсилното шпанско првенство нови бодови за Хувентуд…

На домашен терен убедливо со резултат 84:56 избраниците на тренерот Дуран беа подобри од Билбао.

Македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ го заврши овој дуел без ниту едно промашување, односно за скоро осум и пол минути игра на паркетот запиша пет поени (1/1 од поле, 1/1 за три поени), додаде еден офанзивен скок и две асистенции.

Тоа е важна победа на Хувентуд во битката за опстанок, иако и понатаму е во опасната зона на претпоследното 17. место со 16 бодови, само два помалку зад засега „безбедниот“ Билбао.