„Десетка“ за Стојановски против Сакарја, а Костоски втор стрелец за Питешти!

Во 16. коло од најсилното романско кошаркарско првенство Питешти загуби на гостувањето кај Сибиу (79:71).

Македонскиот интернационалец Александар Костоски (заедно со Агафонов) беше втор стрелец со 14 поени во поразот за нешто над 31 и пол. минута игра на паркетот (3/4 од поле, 1/6 за три поени, 5/5 од слободните фрлања), додаде еден скок, две асистенции, една украдена топка, но и пет загубени.

После седмиот пораз (втор по ред) Питешти е на шестото место со 25 бодови, четири помалку зад водечкиот Клуж Напока.

Во 16. коло најквалитетната турска кошаркарска лига, Бујукчекмече го претрпе и четвртиот пораз во низа кај Сакарја ББ со 77:67 каде што нашиот Војдан Стојановски постигна 10 поени.

На табелата Бујукчекмече е на 10. место со 21 бод и во следната лигашка рунда на 4. февруари ќе го пречека тимот на Истанбул ББ.