Давитков пред утрешниот меч во Попрад: Не гледам некој психолошки притисок!

Вторпат оваа календарска година нашите сениорски репрезентативци заминуваат за Словачка.

Овој пат избраниците на Јорданчо Давитков заминаа во поход кон победа – во претквалификациите за Евробаскет 2021, споредено со средината на јули оваа година кога сениорите одиграа две средби со словачката репрезентација.

Тогаш запишавме еден пораз, а вториот натпревар не го доигравме поради нееднаков аршин на судиските арбитри. Овој пат се надеваме на подобар впечаток и што подобар резултат. Првиот натпревар секогаш е најтежок е колективниот став на репрезентативците.

За овој претквалификациски циклус можам да кажам дека се може да се очекува. Составот е тој ако се изземат несреќните повреди на Чековски, Трајковски и најновата на Костоски.

Репрезентацијата е подмладена со играчи кои ќе бидат идните лидери на оваа селекција. Словачка ни е сериозен противник, со двајца Американци. Ќе се обидеме да го извлечеме најдоброто што го можеме.

Во секој случај ќе имаме поголеми проблеми со надворешните линии, имаат двајца Американци кои се одлични шутери, со нивните високи играчи – и не толку.

Не гледам некој посебен психолошки притисок, Словачка во февруари треба да дојде во Скопје. Ќе видиме, притисокот повеќе треба да биде кај нив. Ние ќе се обидеме да изиграме и да го извадиме најдоброто од нас“, вели Давитков.

Сениорите полетаа кон Братислава, а вечерта ќе пристигнат во Попрад каде утре (четврток, 23. ноември) ќе го одиграат натпреварот против Словачка.

Мечот во живо може да се проследи на YouTube каналот на ФИБА и ќе започне од 18:00 часот.