Давитков доби отказ од Банијас – Абу Дави: Репрезентацијата на Македонија е една! (ФОТО)

Селекторот на македонската сениорска машка кошаркарска репрезентација доби отказ од клубот Банијас – Абу Даби.

Ова доаѓа откако челниците на оваа екипа од ОАЕ увиделе дека истовремено ја води и нашата селекција, а тоа го направи изминатиот месец во победите во првите претквалификациски мечеви за ЕП над Словачка и Швајцарија.

Давитков се огласи на својот фејсбук профил дека клубот можел да го раскине договорот, затоа што ја водел македонската репрезентација и тоа го почитува.

Останува да се види дали веднаш во наредниот период ќе пронајде нов тренерски ангажман во нашата земја или повторно во странство.

Во тренерската кариера ги водел уште Никол Ферт, Поло Трејд, Балкан Стил, Неметали Огражден, Работнички, Струмица 2005, Снефел, Ал Кадсиа, Ал Јахра, Ал Васл Дубаи и Ал-Шааб.