Дарко Соколов ќе го засили МЗТ Скопје Аеродром

Македонскиот кошаркарски шампион со нов репрезентативец во своите редови…

Станува збор за 31-годишниот бек к крило Дарко Соколов кој ја започна сезонава во Карпош Соколи каде што одигра три натпревари, а поради финансиски проблеми се раздели со овој клуб.

ВО Лигата на шампионите од два мечеви имаше просек од 9.0 поени, 2.0 асистенции и 1.0 скок, а во четири средби од ФИБА Европа купот 8.0 поени, 2.0 скокови.

Со Карпош Соколи лани успеа да дојде до куп трофејот, а беше финалист во Суперкупот и првенството.

Во кариерата има настапувано за Балкан Стил, Центар, Вардар, Босна Сараево, АМАК СП, Химик Јужни, Струмица 2005, Фени Индустри, потоа во 2009. година веќе беше дел од МЗТ, па се пресели во Работнички.

Во меѓувреме уште еден играч се раздели со Карпош Соколи, станува збор за 30-годишниот американски бек Тадус МекФејден кој одлучи да го засили составот на Кумис од Грција.

Фото: Karpos Sokoli/Igor Panevski