„Четири од четири“ во Шпанија: Димитријевиќ и Хувентуд ја преслушаа и Валенсија!

Во вистинско време се случува победничката серија на Хувентуд која може да значи и опстанок во најсилната шпанска кошаркарска лига…

Денеска во рамките од 30. коло, составот на Хувентуд го забележа својот осми триумф (четврти по ред) сезонава против екипата на Валенсија на домашен терен со 77:75.

Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ во победата придонесе со два поени за скоро девет минути игра на паркетот (1/1 од поле, 0/1 за три поени), забележа и две асистенции.

На табелата Хувентуд е на засега сигурната 15. позиција со 20 бодови, четири повеќе од Билбао на 17-та и шест од Реал Бетис на 18-та последна позиција.

Во последните три кола од регуларниот дел на сезоната, Хувентуд ќе игра редоследно уште против Фуенлабрада (дома), Гипузкоа (гости) и Уникаха (дома).