Четири младински репрезентации ги добија ривалите за настапите на ЕП Дивизија Б!

Македонската кошаркарска федерација пријави четири младински репрезентации за настап на Европските првенства (сите дивизија Б) кое ќе се одигруваат тековното лето, а денес во Минхен беа извлечени и групите за сите младински селекции.

Женската кадетска селекција која ќе настапува на Европското првенство до 16 години (дивизија Б) кое ќе се одигра во Подгорица, Црна Гора ќе биде дел од групата А заедно со домаќинот на ова првенство, потоа со селекциите на Шведска, Грција, Велика Британија и на Исланд.

Машка кадетска селекција која ќе настапува на Европското првенство до 16 години (дивизија Б) кое ќе се одигра во Сараево, Босна и Херцеговина ќе се надигрува со Белгија, Русија, Словачка, Норвешка и со Данска во рамки на групата Б.

Машка јуниорска селекција која ќе настапува на Европското првенство до 18 години (дивизија Б) кое ќе се одигра нашата престолнина денешниот ждреб посака да биде сместена во групата Ц заедно со Чешка, Холандија, Израел, Исланд и Луксембург.

Репрезентативците до 20 години пак, ќе земат учество на Европското првенство (дивизија Б) што ќе се одигра во Софија, Бугарија и во рамки на групата А за противници ќе ги имаат селекциите на Летонија, Белгија, Белорусија и Азербејџан.