Брчков со Тирана го освои трофејот во албанскиот Куп

Македонскиот интернационалец придонесе во големиот успех на кошаркарскиот клуб Тирана.

Беше освоен трофејот во Купт на Албанија откако во финалето со конечен резултта 76:62 ја совлада Теута.

Владимир Брчков реализираше 12 поени, подобри од него беа само Ендрит Хисенаѓоли со 17 и Герти Шима со 13.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

-НОВ ПОРАЗ ЗА ГАЛАТАСАРАЈ И ХЕНДРИКС ВО ТУРСКАТА СУПЕРЛИГА-

Во 17. коло од првенството на домашен терен Галата загуби од Дарушафака со 77:89.

За скоро 20. минути на паркетот нашиот репрезентативец Ричард Хендрикс имаше еден поен (0/5 од поле, 0/1 за три поени, 1/2 од слободните фрлања), додаде пет скока, по една загубена топка и блокада.

На табелата Галатасарај е на 10. место со 23 бодови и во следното коло ќе игра против Пинар Каршијака.