Блокотехна започна со „стотка“ на дебито во Балканската лига

Македонскиот кошаркарски клуб не можеше да си посака подобро деби во БИБЛ лигата.

Во првиот натпревар од новата сезона со убедлив резултат 100:68 ја совлада екипата на Тирана.

Тимот одигра добра одбрана што овозможи во нападот повеќе шанси за импресивна победа на крајот.

На денешниот дуел за Блокотехна доминираа Двејн Бенџамин со 25 поени и девет скокови, следен од Горан Главчев со 21 поени и Марјан Младеновиќ со 15 поени и пет асистенции.

На спротивната страна за албанскиот состав прв стрелец беше Ендрит Хусенаголи со 33 поени и седум скокови, додека Герти Шима додаде 11 поени и пет асистенции.

Следното коло Блокотехна ќе го пречека косовскиот претставник Башкими, додека Тирана ќе гостува кај Академик Бултекс 99 од Бугарија.