Блокотехна викендов ќе атакува на титулата во Балканската лига

Во својата прва дебитантска сезона Блокотехна успеа да обезбеди настап на Фајнл-фор турнирот во кошаркарската БИБЛ лига…

Македонскиот кошаркарски клуб кој беше второпласиран во регуларниот дел од сезоната во првото полуфинале според програмата од 14:00 ч. по македонско време на 14. април (сабота) ќе ги одмери силите против бугарската екипа на Левски Лукоил.

Истиот ден, но од 17:30 ч. ќе се игра и второто полуфинале помеѓу Рилски Спортист (Бугарија) и Башкими (Косово).

Наредниот ден (15. април, недела) од 14:00 ч. ќе биде борбата за третото место, а големото финале е од 17:00 ч.

Кошаркарот на Блокотехна, Горан Главчев: „Мислам дека сме подготвени за Ф4 турнирот. Во еден натпревар се е можно и мислам дека можеме да дојдеме до трофејот.

Најважно за нас е да ја повториме нашата досегашна игра од регуларниот дел од сезоната. Доколку го направиме тоа, сигурен сим дека можеме да триумфираше против било која екипа, бидејќи тоа веќе ние го покажавме“.

Фото: balkanleague.net